Министерството за јавна администрација на јавна стручна дискусија за Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа.
Темата, „Новата архитектура на државната управа, принципи, надлежности и функционалност” е наменета за отворање стручна дебата за предложените законски решенија и реформите во организацијата и функционирањето на државната управа.
Според агендата, министерот за јавна администрација Горан Минчев ќе даде политичко-стратешки осврт на реформата на јавната администрација, а предвидена е и стручна презентација на тема „Клучни решенија и новини во Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа”, што ќе ја одржи доц. д- р Константин Битраков од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Предвидена е и панел- дискусија на која ќе учествуваат професорите Борче Давитковски, Тања Каракамишева-Јовановска и Драган Гоцевски, а по дискусијата е предвидена сесија за прашања и одговори и донесување заклучоци.