Седум репрезентативни синдикати во Франција денеска ги повикаа државните службеници на штрајк и протести, барајќи повисоки плати и отфрлајќи ги планираните буџетски кратења во пресрет на претставувањето на буџетот за 2027 година.
Синдикатите најавија повеќе од 150 демонстрации во 90 области, пренесува „Фигаро“.
Според проценката на синдикатот FSU-SNUipp, во штрајкот би можеле да учествуваат околу 40 отсто од наставниците во основните училишта.
Штрајкот доаѓа во пресрет на претставувањето на францускиот буџет за 2027 година. Синдикатите особено се спротивставуваат на најавеното замрзнување на платниот индекс на државните службеници и бараат зголемување на платите, подобри услови за работа и поголеми средства за јавните услуги. За денеска се најавени повеќе од 170 демонстрации низ земјата.