Сообраќај

РСБСП апелира за внимателно возење пред и за време на продолжениот викенд

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Републичкиот совет за безбедност на
сообраќајот на патиштатa повикува на внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот 23 Октомври и продолжениот викенд.

Во овие денови се очекува зголемена фреквенција на возила, особено на патиштата надвор од градовите.

Од Советот апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол или психотропни супстанции и да не користат мобилни телефони додека возат.

Возачите се повикуваат да избегнуваат ризични маневри и непотребно изложување на опасност. Од РСБСП порачуваат празничниот викенд да помине со безбедни патувања и среќно враќање дома.

Најнови вести