Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, се повредени во пукање што се случило во текот на ноќта во Талахаси, Флорида, во близина на стадионот на Универзитетот Флорида A&M, соопштија локалната полиција и универзитетот.
Според податоците на полицијата, 11 од 12 повредени лица се здобиле со прострелни рани.
„Најмалку три лица повредени во пукањето се здобиле со тешки повреди, додека девет лица се во стабилна состојба“, соопшти полициската управа во Талахаси.
Пукањето се случило во близина на стадионот на Универзитетот Флорида A&M, по фудбалски натпревар одигран на домашен терен на универзитетот.
По пукањето, раководството на универзитетот ги повикало сите што се наоѓале во близина да се засолнат на безбедно место или да го напуштат подрачјето.
Полицијата продолжува со истрагата, а засега не е соопштено дека има уапсени осомничени лица.