Девет лица загинаа во пад на приватен авион на Флорида

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Сите девет лица кои се наоѓале во приватен авион загинале откако леталото се урнало во американската сојузна држава Флорида, соопшти американскиот министер за транспорт, Шон Дафи.

Дафи ја опиша несреќата како „ужасна трагедија“ во објава на социјалните мрежи, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си Њуз (NBC News).

Засега нема информации дали во несреќата има повредени лица на земјата, ниту се познати околностите под кои дошло до падот на авионот.

Најнови вести