Димовска на чело на Кривичниот суд, најави продолжување на реформите

Даниела Димовска даде свечена изјава пред Судскиот совет и официјално стапи на функцијата претседател на Основниот кривичен суд Скопје.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Даниела Димовска и официјално е претседателка на Кривичниот суд и најави дека приоритети ќе бидат одржување на ажурноста на судот,намалување на старите предмети и поголема транспарентност.

Димовска посочи дека во изминатите 14 месеци како в.д. претседател бројот на старите предмети е намален за 53 проценти, а годинава немало ниту еден застарен предмет.

Како најголем проблем го посочи
недостигот од кадар, наведувајќи дека судот во моментов има 130 вработени помалку во споредба со периодот пред неколку години.

Осврнувајќи се на довербата во судството, таа оцени дека клучот е во носење законити, образложени и разбирливи судски одлуки, но и во поголема отвореност на судовите кон јавноста.

За случајот со нејзиниот брат кој е опфатен со истрагата за пожарот во ,,Пулс” во Кочани, Димовска рече дека тоа не може да биде пречка, ниту да влијае врз нејзината работа како судија и претседател на судот.

Најнови вести