Газда Деко излегува од притвор на 3 октомври

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На 3 октомври минатата година беше одобрено обвинението за пожарот во Пулс. На истиот ден година подоцна газдата на дискотеката во која починаа 63 луѓе, ќе излезе од притвор. Од Кривичниот суд велат дека нема да остане без мерки за обезбедување на присуство.

Потврда дека притворот на Дејан Јованов Деко,  завршува и од државниот обвинител Ненад Савески, но не кажува каков е неговиот став по однос на ова прашње, бидејќи вели дека може да биде погрешно сфатен.

Од слобода се бранат најголем дел од обвинетите. Од Кривичен информираат дека сите обвинети ги почитуваат мерките и редовно се јавуваат на закажаните рочишта.

 

Најнови вести