ЕУ: Шенгенските правила остануваат

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Професионалните возачи од земјите кои не се членки на Европската Унија и натаму ќе мора да го почитуваат правилото за престој до 90 дена во период од 180 дена.

Од Брисел посочуваат дека европската администрација била свесна дека транспортерите се соочувале со проблеми, а потсетуваат и дека оваа правило важело и пред воведувањето на новиот ЕЕС систем за влез и излез во Зоната.

Професионалните возачи на камиони
вчера одржаа предупредувачки протести со камиони во Скопје, Србија, БиХ и Црна Гора. Еден од предлозите од превозничките организации е наместо секој делумен влез во Шенген да се брои како цел ден, да се зема предвид реалното време поминато во Шенген, односно 24-часовни периоди.

Според најавите, од 14 септември 2026 година се можни блокади на шенгенските граници, што би можело сериозно да го нарушат товарниот и патничкиот сообраќај од Македонија кон Србија, Хрватска и Унгарија.

Најнови вести