Актерката Селма Блер добила покана за на суд откако беше приведена по летот од Лос Анџелес до Њујорк поради злоупотреба и повреда на две стјуардеси, соопштија властите.
Полицијата ја приведе 54-годишната Селма Блер доцна во неделата од авионот на ,,Делта Ерлајнс” на слетувањето на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк. Блер и една од стјуардесите биле однесени во болница.
,,Делта Ерлајнс” соопшти дека „има нулта толеранција за непослушно или незаконско однесување, бидејќи безбедноста на клиентите и екипажот секогаш е на прво место“.
Претставник на актерката Селма Блер вели дека во авионот, таа имала медицински итен случај што довел до наводното однесување.
Блер имаше главни улоги во филмови, вклучувајќи ги “Cruel Intentions,” “Legally Blonde” “Hellboy. Во последниве години, таа се залага за правата на лицата со попреченост, откако во 2018 година и беше дијагностицирана мултиплекс склероза. Во 2023 година, таа му се придружи на претседателот Џо Бајден во Белата куќа за да ја прослават годишнината од Законот за лицата со попреченост во САД.