Уметник кој изведувал точки со огнени реквизити паднал од сцената за време на концертот на американските музичари Ашер и Крис Браун во Њу Орлеанс, при што за малку избегнал потешки повреди и изгореници, пренесува „Ентертејнмент викли“.
Инцидентот се случил во саботата во салата „Сизарс Супердом“, за време на заедничката турнеја на двајцата музичари, насловена „R&B Tour“.
Според снимките што посетителите ги објавиле на социјалните мрежи, изведувачот вртел запалени шипки кога, движејќи се наназад, изгубил рамнотежа и паднал од работ на сцената на пониско ниво. При падот, пламенот на реквизитите нагло се разгорел.