Американскиот речник додаде нови 1400 зборови

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

,,Меријам-Вебстер”, најстариот издавач на речници во САД, додаде 1400 нови зборови. Новите записи одразуваат зборови и значења кои покажале широка употреба со текот на времето. Дел од зборовите се инспирирани од кулинарството, дел се однесуваат на времето од годината, некои и од случки во секојдневниот живот и интернет трендовите.

Се очекува ,,Меријам-Вебстер” да го именува својот збор на годината во следните неколку месеци. Изборот не се базира на тоа кој збор е „најубав”, туку на тоа кој збор ја одбележал годината и во интернет просторот, со јасно зголемување на интересот и пребарувањата.

Во 2025 година, зборот slop (слоп) беше избран, откако неговата дефиниција беше проширена и означи „дигитална содржина со низок квалитет, што обично се произведува со помош на вештачка интелигенција“. Во претходната смисла, зборот значеше „нешто лепливо“ или „безвредно”.

Најнови вести