Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, објави АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Авто Мото Сојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од можна појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.