Поради работи на водоводната мрежа и уличен дефект, дел од корисниците во општините Центар и Карпош денеска ќе останат без вода. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во општина Центар, поради поврзување на старата со новата водоводна мрежа, од цевка со пречник од 400 милиметри на цевка од 200 милиметри, на улицата Мирослав Крлежа бб, прекин на водоснабдувањето ќе има кај дел од корисниците на оваа улица, во потегот од булеварот Партизански одреди до улицата Орце Николов.
Прекинот ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до завршувањето на работите.
Во општина Карпош, поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата Прашка бр. 50, од 9 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците Прашка и Дамска, како и делови од улиците Букурешка и Гимназија и од основното училиште „Нова“.