Водовод и канализација“

Поради дефект: Неколку скопски улици без вода

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Неколку улици на територија на Скопје ќе останат без вода за пиење поради дефект, информираа утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што појаснија оттаму, поради уличен дефект, прекинато ќе биде водоснабдувањето за корисниците од улицата „Панче Неделковски“ и дел од улиците „Коста Абрашевиќ“, „Кемал Сејфула“ и „Серава“.

Прекинот во водоснабдувањето, според најавата, ќе биде од 10:20 часот до завршување на работните активности.

Најнови вести