Делови од Гази Баба и Илинден без струја

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани интервенции и реконструкција на електродистрибутивната мрежа.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, добиени од „ЕВН Македонија“ АД, од 8 до 14:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците на улицата „Палмиро Тољати“ во населбата Синѓелиќ, во општина Гази Баба. Прекинот е поради работи во трансформаторската станица „Синѓелиќ 2“.

Во истата општина, поради реконструкција на нисконапонската мрежа, без струја ќе бидат и дел од корисниците на улицата „Среќко Пужалка“ – од број 50 до број 60, во периодот од 8 до 13 часот, како и од број 30 до број 35а, од 12 до 14 часот.

Во општина Илинден, прекини во снабдувањето се најавени и за корисниците на улиците „2“, „3“ и „406“ во населбата Јака/Марино, од 9 до 13 часот, поради реконструкција на мрежата.

Од 9:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе бидат и жителите на улиците „510“ и „526“ во селото Марино.

Од РЦУК – Скопје информираат дека од ЈП „Водовод и канализација“ нема најава за планирани прекини во водоснабдувањето за утрешниот ден.

Најнови вести