Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работни активности на електричната мрежа, информираат од ЕВН Македонија.
Во периодот од 08:00 до 11:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците Цветан Димов и Јајце во општина Гази Баба, поради интервенции во трафостаницата „Гази Баба“.
Од 10:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата 37 во Волково, општина Ѓорче Петров.
Прекин е најавен и од 11:30 до 14:30 часот за корисниците на улиците Коста Абрашевиќ, Дижонска, Клинска Леса и Серава во општина Чаир, поради работи во трафостаницата „Даме Груев 2“.