Министрите за надворешни работи на арапските земји, денеска во Мускат ќе разговараат за воспоставување безбедна пловна рута низ Ормускиот теснец.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека на состанокот треба да биде потпишан договор, по што ќе биде информирана меѓународната поморска организација. Пезешкијан рече дека Иран повторно ќе го отвори протокот кога САД ќе ги прекинат блокадата и нападите.
Повторно ги отфрли тврдењата на американската страна дека Иран развива нуклеарно оружје, наведувајќи дека Техеран се придржува до Договорот за неширење на нуклеарно оружје и дека е подготвен за дијалог во рамките на меѓународното право.
Американскиот претседател Доналд Трамп не ја исклучува можноста САД да останат во Иран и да ја задржат контролата врз нафтата по завршувањето на војната. Конечната одлука ќе зависи од тоа каков договор ќе биде постигнат со Техеран.