Дресот на Мајкл Џордан од финалето на НБА-лигата во 1998 година продаден за 14 милиони долари

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Дресот што поранешниот американски кошаркар Мајкл Џордан го носел и го потпишал за време на финалната серија на НБА-лигата во 1998 година е продаден во приватна трансакција за 14 милиони долари, соопшти аукциската куќа „Хант аукшнс“ (Hunt Auctions), наведувајќи дека станува збор за највисоката цена некогаш платена за кошаркарски спортски сувенир.
Купувач на црвениот дрес, кој Џордан го носел на вториот натпревар од финалната серија против Јута Џез, одигран на 5 јуни 1998 година, е инвеститорот во недвижности од Мајами, Рон Фирман.

Чикаго Булс на тој натпревар ја победи Јута и го израмни резултатот во серијата на 1:1, а потоа ја освои шампионската титула со победа во шест натпревари. Тоа беше шестиот и последен шампионски трофеј во кариерата на Џордан.

Најнови вести