Временска прогноза

Еве какво време не очекува од понеделник

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, по што следува стабилизирање на временските услови. Недела, 25 октомври, се очекува максимална температура од 19 степени.

Релативно стабилно време се очекува и во текот на следната недела. Под влијание на висок воздушен притисок, од понеделник времето ќе биде стабилно, со мала облачност во текот на денот. Ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник, долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Од вторник до четврток повторно ќе биде потопло, со температури до 18 степени. Утрата, сепак свежи, со минимални температури меѓу 2 и 6 степени.

Кон крајот на неделата се очекува мало заладување. Во петок се прогнозираат околу 16 степени, а во сабота, на последниот ден од октомври, максималната температура до околу 15 степени.

Најнови вести