Европа е лидер во туризмот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Европскиот туризам во 2026 година бележи раст и останува лидер на глобално ниво и покрај геополитичката неизвесност, инфлацијата и нарушувањата во авиосообраќајот.

Медитеранот, Грција, Шпанија, Италија, останува на врвот по побарувачката за летен одмор.

Шпанија, Италија и Турција се меѓу најпосетуваните земји во Европа и светот.

Барселона, Лисабон и Истанбул се водечки избори за кратки патувања и продолжени викенди.

Туристичката и патничката индустрија во светот годинава се очекува да забалежи раст од 3,2% во 2026 година и да поддржи околу 376 милиони работни места во 2026 година, проценува Светскиот совет за патувања и туризам.

Предвидувањата се базираат на економските и геополитички услови и вклучуваат претпоставки поврзани со инфлацијата, цените на енергијата, побарувачката за туризам и регионалните геополитички настани.

За да ги избегнат екстремните горештини, високите цени и преполните летувалишта, патувањата бележат пораст и надвор од летните месеци. Септември бележи зголемен број на резервации. Интересот за јужна и медитеранска Европа во периодот од јуни до ноември пораснал на 61 процент.

 

Најнови вести