Зимата некако не тера да размислуваме за потоплите краишта или пак места каде што има добар спа – центар во кој може да се релаксираме и да уживаме во лековитите топли бањи.
Избрани се најдобрите спа-центри за 2026 година, а Италија е во центарот на вниманието на овогодишното доделување на наградите „World Spa Awards“, откако беше прогласена за најдобра спа-дестинација во светот.
Во своето 12-то издание, „World Spa Awards“ го истакна одличниот успех на Италија. Земјата ја освои титулата најдобра спа-дестинација во светот за 2026 година, победувајќи ги номинираните од Австралија, Хаваи, Малдивите и Јапонија.
Неколку италијански објекти исто така освоија награди, вклучувајќи го „Palazzo Fiuggi“, кое беше прогласено за најдобро велнес-одморалиште во светот.
Наградата за најдобар спа-центар со термална пештера во светот исто така е во рацете кај – „Grotta Giusti Thermal Spa Resort“.
Сместен во Тоскана, „Grotta Giusti“ располага со пештера стара илјадници години. Тоа е најголемата природна термална пештера во Европа, која се протега повеќе од 200 метри под комплексот. Температурите внатре се движат од 28 до 34 Целзиусови степени, а природната пареа нуди благотворни, терапевтски ефекти.
Швајцарија пак беше прогласена за најдобра светска велнес-дестинација, додека австриските „Geinberg5 Villas“ ја освоија наградата за најдобар приватен спа-центар во светот.
Меѓу другите европски добитници беше и „Six Senses“ во Лондон, прогласен за најдобро ново велнес-одморалиште во светот. „Guerlain Spa“ во „One&Only Aesthesis“ во Грција ја освои наградата за најдобар градски спа-центар во рамките на одморалиште, додека „SHA Spain“ беше прогласен за најдобра велнес-клиника во светот.