Европскиот парламент го поддржа повикот синдромот на согорување на работното место (burnout) и другите психосоцијални заболувања да бидат признаени како професионални болести низ целата Европска Унија, што на вработените погодени од овие состојби би можело да им овозможи подобар пристап до здравствена заштита и надоместоци.
Извештајот на пратеничката во Европскиот парламент Естел Сулеманс од Социјалистичката партија, која припаѓа на политичката група Социјалисти и демократи, повикува синдромот на согорување и другите психосоцијални заболувања да бидат признаени како професионални болести во сите земји членки на ЕУ.
Извештајот беше усвоен со 413 гласа „за“, 210 „против“ и 29 „воздржани“, пренесе „Brussels Times“.