Без струја во текот на денот ќе останат дел од скопските општини Ѓорче Петров и Кисела Вода.
– Од ЕВН „Македонија“ АД добивме известување дека денеска поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе биде улицата „Партизански пат 2“ од девет до 13 часот во општина Кисела Вода. Поради активности во електродистрибутивната мрежа, без напојување ќе биде улицата „2“ во село Орман од девет до 15:30 часот во општина Ѓорче Петров, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи- Скопје.