Дебата за глобалната економија

Годишна средба на ММФ и Светска Банка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка ја почнуваат годишната средба во Бангкок во услови на зголемена неизвесност во светската економија, високи цени на енергенсите и растечка задолженост на државите. Годишните средби, од 12 до 18 октомври во Тајланд, на едно место ги собираат министрите за финансии, гувернерите на централните банки и претставниците на меѓународните финансиски институции. Во фокусот на разговорите се инфлацијата, економскиот раст, финансиската стабилност можностите за помош на земјите кои се најмногу погодени од глобалните кризи.

Главната порака е дека, и покрај досегашната отпорност на светската економија, ризиците од нови економски потреси остануваат високи. Според проценките објавени во пресрет на средбите, светскиот јавен долг би можел да надмине 100 проценти од глобалниот бруто-домашен производ до 2030 година.

Пораките од ММФ и Светската банка за Македонија покажуваат дека периодот што следува ќе биде исполнет со економски предизвици. За земјава, особено важни ќе бидат контролата на јавниот долг, стабилноста на цените, привлекувањето инвестиции и спроведувањето реформи што ќе овозможат поодржлив економски раст.

Најнови вести