По интензивните топлотни бранови, преполните туристички центри и високите цени, време е за есенско патување за вистинските уживатели во туризмот. Ако барате идеи за патување во есента 2026 година, еве ги нашите предлози.
Копенхаген и Данската ривиера, Данска
Есенскиот период е идален за посета на Данска. Живописните улици со знаменитости и преполните кафулиња даваат посебен шарм додека облечени седите и го пиете вашето кафе далеку од мислите и секојдневието. За подобро доживување, локалните туристички водачи предлагаат да изберете еден од хотелите со впечатлив дизајн, да го посетите замокот Кронборг, прославен преку Шекспир и фасцинантниот Музеј за модерна уметност „Луизијана“ сместен покрај морето.
Виена, Австрија
Виена е добра дестинација во секој период од годината, но во последните неколку години, главниот град доби нови современи музеи и галерии, ресторани што ги надминуваат стандардните концепти за храна, како и неколку луксузни хотели. Иако виенските градини се прекрасни за прошетка во секое време од годината, тие добиваат посебна романтична нота кога ќе залади.
Сан Себастијан, Шпанија
За патниците кои сакаат да ги планираат своите патувања околу гастрономијата, нема подобро време за посета на Сан Себастијан – град со една од најголемите концентрации на ресторани со Мишелин ѕвезди и богата култура на барови. Оваа есен се одбележува и 50-годишнината од „Новата баскиска кујна“ – јубилејот се слави на настанот „San Sebastián Gastronomika“ од 5 до 7 октомври.
Париз, Франција
Има посебна убавина во патувањето до некоја омилена и добро позната дестинација надвор од главната туристичка сезона. Кога ќе го посетите Париз наесен, ќе уживате во пријатни температури, пократки редици пред музеите и повеќе слободни места во вашите омилени јавни паркови.
Регионот Мидлендс, Ирска
Ако ве привлекува окултното, ирските рурални предели имаат посебна магија во есенскиот период, бидејќи токму таму за првпат се славел „Самхајн“ – најстарата верзија на Ноќта на вештерките. Љубителите на мистичното можат да ги посетат светите места во округот Мит, вклучувајќи ги древните ридови „Хил оф Ворд“ и „Хил оф Тара“ каде што древните Келти пред повеќе од 2.000 години палеле огнови за да ги избркаат злите духови. Исто така, може да останете за најголемата прослава, годишниот фестивал „Пука“ , кој се одржува од 29 октомври до 1 ноември.