преговори

Иран и Оман се блиску до постигнување договор за привремен безбеден премин низ Ормускиот Теснец

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Иран и Оман ги продолжија консултациите за воспоставување безбедни рути за комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец, откако постигнаа договор за привремена рута за безбеден премин, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаи.

Багаи во интервју за тунискиот весник „Ал Шурук“ изјави дека разговорите со Оман сè уште се во тек во врска со „одредени детали за спроведувањето“ на договорот.

Тој нагласи дека билатералниот договор за безбедна рута не треба да се меша со повторното отворање или со целокупниот статус на пловниот пат, истакнувајќи дека допрва треба да се разгледа одржлив и долгорочен механизам за управување со преминот и обезбедување на неговата безбедност, пренесе ИРНА.

Најнови вести