Kомити Скопје ќе ги бојкотираат сите натпревари на ФК Вардар

Групата ја донела одлуката која ќе трае се додека управата на чело со Миленко Неделковски не поднесе оставка и замине од клубот, соопштија комити.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме, велат во соопштението од групата комити.

Додаваат дека во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваат за последен пат, за да ја покажат,како што велат, нивната солидарност со младите Вардарци и за да изразат незадоволство и револт против Управа на ФК Вардар!

„Собирот ќе започне во 18:15 часот на последна 5-ка во Ново Лисиче, од каде во 18:45ч заедно ќе се упатиме кон стадионот. СИТЕ ЗАЕДНО!
Уште сега јавно апелираме дека преглед на влезот ќе може да врши само Полицијата и дека нема да дозволиме никој друг да биде присутен. Ако биде присутно обезбедување што ќе се противи на оваа одлука, ќе бидат
ВЕДНАШ нападнати од наша страна и затоа апелираме – берете памет!“

По натпреварот комити најавија дека ќе го почнат бојкотот.

Најнови вести