ОВР Струга поднесе кривична пријава против три лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Несовесно работење во службата.
Пријавениот, Мерко, поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево”, соопшти полицијата.