Славески со кривични пријави за Филипче, Димитријевиќ и Жерновски за случајот со АЛТА банка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Народната банка и гувернерот Трајко Славески поднеле две кривични пријави во врска со случувањата околу Алта банка АД Битола.

Според објавените информации, првата кривична пријава е насочена против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ.

Втората пријава се однесува на секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски.

Засега не се соопштени дополнителни детали.

Случајот со Алта банка беше една од темите на денешната собраниска надзорна расправа. Пред пратениците се обрати премиерот Христијан Мицкоски, а свое излагање имаше и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Претходно, премиерот Мицкоски го повика Јавното обвинителство да постапи во врска со, како што ги оцени, обидите за ширење паника во јавноста поврзани со случајот „Алта банка“.

Најнови вести