Кривични пријави против три правни и 18 физички лица во акцијата „Филтер”, се криумчареле цигари на големо

Шпедиции, транспортни компании, физички лица, како и полициски и царински службеници, паднаа во рацете на истражните органи.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Откриени повеќе случаи во организиран систем за шверц на цигари и избегнато плаќање на давачки кон државата во вкупен износ од над 377 милиони денари или над шест милиони евра. Во опсежната акција под кодно име „Филтер“, разбиена е организирана група за криумчарење на цигари.

Речиси 70 милиони парчиња цигари нелегално биле пуштени во слободен промет во земјава – изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.
Шпедиции, транспортни и увозни компании, физички лица, како и полициски и царински службеници, паднаа во рацете на истражните органи. Во периодот од 01.01. до 30.06.2024 година, во истрагата спроведена од Царинската управа се откриени различни начини на незаконско внесување, истовар и пуштање во промет на цигари без соодветна царинска евиденција и без плаќање на законски утврдените давачки.
Во четири од случаите шлеперите натоварени со цигари влегувале преку граничниот премин „Богородица”, без евиденција од страна на царинските и полициските службеници.
Во останатите три случаи шлеперите со цигари влегувале во земјава преку истиот граничен премин, во транзина постапка. Два од нив биле со крајна дестинација до Молдавија, а еден до Србија.

По поднесувањето на кривичните пријави до ОЈО ГОКК, издадени се наредби за претрес на 23 локации. До овој момент
поднесени се кривични пријави против три правни и 18 физички лица, меѓу кои четири царински и три полициски службеници, една шпедиција, една транспортна и една увозна компанија.
Во тек се дополнителни истражни дејства и дека, согласно сознанијата, се очекува бројот на опфатени лица во случајот да се зголеми.

Најнови вести