МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Марко Џорлев го освои златото на Светското карате првенство за кадети, јуниори во Полска

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Штипјанецот Марко Џорлев  го освои златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјeлско Бјала, Полска. Џолев кој е дел од македонската репрезентација во финалето го победи Адам Ваги од Република Унгарија со резултат 4 :1.

Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот (КК)-Штип на социјалните медиуми објавија дека Марко Џорлев е светски шампион.

– Македонија има Светски Шампион,Штип има Светски Шампион,карате клуб Штип има Светски Шампион. Радувај се Македонијо. Фала му на Господ за сѐ – напишаа Сашко и Жарко Арсовски.

Најнови вести