Скопје ќе гори – Македонија првпат на мапата на боречкиот крем

Најголемата ММА промоција во југоисточна Европа, за првпат доаѓа во Македонија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Австрија и Германија, време е и македонската публика да го запознае FNC.

Fight Nation Championship продолжува. Најголемата MMA промоција во југоисточна Европа, за првпат во својата историја доаѓа во Македонија!

Нова држава на FNC картата, нова голема сала и борба за појас. FNC 34 ќе се одржи на 24 октомври во спортскиот центар Т Арена/Борис Трајковски во Скопје. Македонската публика веќе на првиот натпревар со FNC ќе ја види една од најочекуваните борби во лесна категорија.

На едната страна ќе биде шампионот Лом-Али Ескиев, а наспроти него српската ѕвезда Марко „Skull Crusher“ Бојковиќ. Германецот доаѓа во Скопје да го брани појасот, додека Бојковиќ ќе се обиде да ја оствари најголемата победа во кариерата и титулата шампион на FNC.

Билетите веќе се во продажба.

Најнови вести