Најплатени тениски ѕвезди

Најплатените тениски ѕвезди во светот заработиле вкупно 333 милиони долари во последните 12 месеци.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Најплатените тениски ѕвезди во светот заработиле вкупно 333 милиони долари во последните 12 месеци.

На врвот на листата е Јаник Синер со 58 милиони долари. Веднаш зад него е Карлос Алкараз со 53,7 милиони долари, додека третото место го зазеде повратничката Серена Вилијамс со 40,1 милион долари.

Новак Ѓоковиќ го зазеде шестото место на годишната листа на „Форбс“. Пред Ѓоковиќ се Арина Сабаленка, која заработила 36,1 милион долари, и Коко Гоф со 35,5 милиони.

Според „Форбс”, Ѓоковиќ изминатата година заработил 5,2 милиони долари од награди и бонуси на теренот, додека дури 25 милиони долари биле искеширани од спонзорски договори, настапи и слично. 39-годишниот Ѓоковиќ и натаму е еден од комерцијално највредните спортисти во свето

Во 19-годишното постоење на ваквата листа, меѓу десетте најплатени тенисери има повеќе жени отколку мажи – шест тенисерки и четворица тенисери.

 

 

Најнови вести