Нетанјаху: Иран повторно се обидува да развие нуклеарно оружје, потребна е промена на режимот

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Иран се обидува да го унапреди развојот на сопствено нуклеарно оружје, оценувајќи дека земјата „сè уште не ја научила лекцијата“.

„Врховниот лидер и ајатолах Моџтаба Хамнеи одлучи да ги следи стапките на својот татко. Го отстрани осигурувачот, а Иран повторно се обидува да го развие своето оружје на смртта“, изјави Нетанјаху за време на посетата на офицерско училиште во јужниот дел на Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според Нетанјаху, постои само еден начин да се отстрани заканата од иранското нуклеарно оружје, а тоа, како што изјави, е соборување на режимот во Иран.

Најнови вести