Жителите на Кочани и околните места на едно место ќе добиваат помош и пристап до електронските услуги на институциите. Во општината е отворен нов Центар за услуги – ЕТУ Кочани.
Преку центарот граѓаните ќе можат да добијат поддршка при користењето на Националниот портал uslugi.gov.mk, како и при поднесувањето електронски барања и завршувањето на административните обврски.
Центарот го промовираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Кочани Влатко Грозданов.
Андоновски истакна дека целта е дигиталните услуги да бидат достапни за сите граѓани, вклучително и за оние на кои им е потребна помош при користењето на електронските услуги.
„Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски“, истакна министерот.
Изминатата недела во интервју за РЕПЕР, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги објасни целите и приоритети во однос на имплементирањето на вештачката интелегенција, дата-центрите и гласањето на дијаспората.