судница идризово

Ново рочиште за случајот „Пулс“: Обвинителството вкрстено ќе го испитува сведокот предложен од Дејан Јованов

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска во големата судница Идризово, продолжува судскиот просец за кочанската трагедија во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Oбвинителството треба вкрстено да го испитува градежниот вештак предложен од првообвинетиот Дејан Јованов.

На минатото рочиште сведокот на одбраната тврдеше дека дискотеката Пулс, имала три влеза и три излези, и оти кровната конструкција не претрпела голема штета од пожарот. На ова негодуваа родителите на загинатите.

Според планот на судот, последното рочиште за годинава е предвидено за 24 декември, по што процесот ќе продолжи во 2027 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Одбраната предложи над 200 сведоци.

Најнови вести