Ново судско рочиште за случајот „Државна лотарија“

Во Кривичниот суд денеска продолжува судскиот процес за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“, еден од обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На претходното рочиште беше одложена главната расправа. Судот образложи дека на обвинетите и нивните бранители им треба дополнително време за увид во доказниот материјал и подготовка на одбраната.

Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски посочи дека обвинетите треба да имаат доволно време да се запознаат со доказите и да предложат свои докази за натамошниот тек на постапката.

Во предметот обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, кои најавија изведување на 231 материјален доказ, вештачења и сослушување на седум сведоци.

Според обвинението, поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. Тие се обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Првообвинетиот, поранешен директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами останува недостапен за органите на прогонот.

Најнови вести