Државна лотарија на Србија

Од лото-ливче до богатство од 3,4 милиони евра: Среќникот е од Ниш, а ова е добитната комбинација!

Според најновиот извештај на Државната лотарија на Србија, во 92. коло од играта на среќа Лото, добивката за погодена седумка изнесува 3.400.000 евра. Среќниот добитник е од Ниш.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Извлечената добитна комбинација е: **21, 5, 8, 11, 3, 26 и 10**, додека „шестка“, која во ова коло вредеше 124.188 динари, освоиле 19 играчи.

Добитник на лото седумка вредна 3.400.000 евра е извлечен во 93. коло на Државната лотарија на Србија, одржано вчеравечер. Добитното ливче е уплатено во Ниш, на територијата на општината Црвен крст, соопштија од српската лотарија.

Покрај главната награда, во истото коло 19 играчи погодија шестка вредна по 124.188 динари, додека премиите во дополнителните игри Лото плус и Џокер останаа неизвлечени.

Најнови вести