Објавени добитниците на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма на 30. издание на „Празник на липите“ на Друштвото на писатели на Македонија

Ана Пејчинова, Даниела Андоновска-Трајковска и Владимир Јанковски се добитници на наградите на конкурсот за најдобра кратка книжевна форма на 30. издание на „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија. Избраните дела ќе бидат претставени на затворањето на манифестацијата, на 5 септември, кога на книжевно читање, покрај наградените, ќе бидат презентирани и другите дела пријавени на анонимниот конкурс.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

На конкурсот за кратка книжевна творба (песна или расказ) распишан во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, пристигнале вкупно 32 дела (26 песни и шест раскази). Тројцата членови на анонимната жири-комисија: Ива Дамјановски, Никола Маџиров и Жарко Кујунџиски, работејќи независно и бодувајќи ги непотпишаните творби пријавени на конкурсот, ги избра следните три дела: I награда: „Мајсторска завршница“ од Ана Пејчинова (поезија), II награда: „Татко ми станал писател“ од Даниела Андоновска-Трајковска (поезија) и III награда: „Сребре Тилевски, липарот“ од Владимир Јанковски (расказ).

„Мајсторска завршница“ е песна за метафизичката кревкост на мерливото човечко присуство среде огнената моќ на природата и примордијалното, во која шаховската табла постепено се претвора во неограничен пејзаж на постоењето…

„Татко ми станал писател“ е песна за откривањето, за паралелната безвременска битка на зборот спроти премолченото, на сеќавањето наспроти слученото, за напишаното од рацете на оние што нè создале…
„Сребре Тилевски, липарот“ е приказна што продира под површината на линеарната стварност, што ја носи во себе старата мудрост и тишината на нешто што долго растело под земја. Сребре Тилевски не е само човек што ги сака липите — тој постепено станува нивен човечки облик свртен кон она што ќе остане по него…

Најнови вести