Од 15 до 18 октомври се одржува 45. Скопски џез – фестивал

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во четирите фестивалски дена, 45. издание на Скопски џез-фестивал во програмата нуди осум концерти од 20 и од 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет и уште три полноќни концерти, кои, наместо во МКЦ како во изминатите години, ќе се одржуваат на специјално подготвената мала сцена во НОБ.

Во НОБ ќе биде отворен со музичкиот проект „Храброста на храбрите” на словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор, Златко Каучич.

,,Со еден таков храбар концепт Скопскиот џез-фестивал со години е меѓу угледните европски фестивали и таа негова особеност го претвори нашиот фестивал во култен настан во Европа и на тоа многу се гордееме. Тоа практично значи дека програмата е правена со цел да се зачува тој култен статус што го имаме кај колегите во Европа и светот”, истакна
директорот на Скопскиот џез- фестивал, Оливер Белопета.

Годинава фестивалот обединува различни генерации и музички пристапи, нудејќи програма што се движи од современ џез и експериментална музика до проекти што го поврзуваат џезот со други музички форми.

Најнови вести