мвр

Драма во Скопје: 28-годишник го запалил автомобилот на мајка му и се заканувал со нов пожар

Лишен од слобода е 28-годишен скопјанец, кој го запалил возилото на мајка му... За него, следува пријава.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вчера во 06:30 часот на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 28-годишниот А.Ф. од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 05:50 часот на подрачјето на Чаир опожарил возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата мајка, а се заканувал дека ќе го запали и станот во кој живеат.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести