Ноќва завршува летното сметање на времето и почнува зимското. Во три часот по полноќ стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, односно времето повторно ќе биде два часот.
Зимското сметање на времето ќе важи до последниот викенд во март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање на времето.
Со оваа промена добиваме еден час повеќе за спиење, но во наредниот период ќе се стемнува порано.
Најголемиот дел од современите електронски уреди, вклучувајќи ги мобилните телефони и компјутерите, автоматски го приспособуваат времето, додека кај останатите часовници ќе биде потребно рачно поместување.