Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс”, изјавија
сведоци предложени од одбраната на 13 полициски службеници обвинети за непостапување согласно акцискиот план во дискотеката „Пулс”.
Сведоците тврдат дека полицајците помагале во извлекувањето на повредените кога се случил пожарот во дискотеката и ги координирале активностите за извлекување и носење на повредените во болница.
Друг сведок пак тврдеше оти ја напуштил дискотеката порано пред да избие пожарот бидејќи некој му кажал оти внатре полицијата врши проверки.
Родителите на загинатите велат дека тоа што им помагале на настраданите не е доказ дека тие не направиле пропусти. Според нив клучното е зошто тие воопшто не го спречиле концертот во објект кој работел незаконски.
Во случајот се обвинети 13 полицајци од Кочани и Штип и се товарат дека не постапиле согласно акцискиот план поврзан со работата на дискотеката.