Закани и напади во варшава

Полска на готовс: Закани за можен атентат на премиерот Туск и друг висок функционер

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Полската полиција добила загрижувачки информации за можен обид за атентат врз премиерот Доналд Туск и вицепремиерот и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш.

Безбедносните служби се итно активирани поради заканата, објави полското Министерство за внатрешни работи. Организиран е итен состанок во Центарот за борба против тероризмот на Полската агенција за внатрешна безбедност. Не е познато кој би можел да стои зад заканата.

Веста за можниот атентат доаѓа во момент кога Варшава се соочува со неколку насилни напади врз образовните институции.

За само неколку дена, се случија три напади во училиштата во и околу Варшава, при што едно лице загина, а неколку беа повредени.

Во четврток, 15-годишен поранешен ученик нападна вработени во основно училиште во градот Лешчидол-Новини, околу 50 километри од Варшава. Во нападот беше убиен 37-годишен домар, а директорот и еден наставник беа повредени. Осомничениот тинејџер е уапсен.

Еден ден претходно, 19-годишен маж нападна неколку лица во и околу училиштето со остар предмет, при што повреди девет лица.

Трет напад се случи во саботата, во приватно училиште во варшавскиот округ Прага. Една жена повреди три лица, меѓу кои и двајца 17-годишници.

Поради насилствата, полските власти го засилија полицискиот надзор и безбедносните проверки на училиштата. Премиерот Туск изјави дека досегашните наоди не укажуваат на постоење на организирана група што ги координира
нападите.

Најнови вести