Девет меча без победа

Пораз за македонските фудбалери од Швајцарија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од 0:3 од Швајцарија во натпреварот од Лигата на нации.

Гостите целосно ја контролираа играта и упатија дури 22 удари кон голот на Столе Димитриевски уште во првото полувреме. Два од нив ја погодија целта. Третиот гол беше постигнат во второто полувреме.

Ова е деветти натпревар без победа на Македонија, а петти под водство на Гоце Седлоски.

Македонија за првпат игра во Лигата Б каде има квалитетни репрезентации, а во нашата група се наоѓаат и Словенија и Шкотска.

Следниот натпревар македонските фудбалери ќе го играат во вторник на 29 септември, во Љубљана, против Словенија, која денеска одигра 0-0 со Шкотска.

Најнови вести