Две операции за лоцирање и спасување странски државјани беа спроведени јужно од Крит, при што од морето беа спасени околу 105 лица.
Во првиот случај, авион на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) забележал чамец со околу 65 странски државјани, на 42 наутички милји јужно од Кала Лименас, пренесува грчката ЕРТ.
Патролен чамец на Крајбрежната стража се упатил кон нив за да ги преземе, по што странските државјани биле префрлени во Кала Лименас.