Премиерот на Шведска поднесе оставка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Шведскиот премиер Улф Кристерсон поднесе оставка откако владејачкиот десничарски блок беше тесно поразен од опозициските партии од левиот центар на парламентарните избори.

Според прелиминарните резултати, опозицискиот блок, предводен од лидерот на Социјалдемократите Магдалена Андерсон, освојува 176 од вкупно 349 места во Риксдагот, додека десничарскиот блок на Кристерсон има 173 пратенички места. Двата блока ги делат околу 50.000 гласови.

Кристерсон, кој е конзервативец, во досегашното владеење имаше поддршка од Шведските демократи, тврдодесничарска и антиимиграциска партија. Тој претходно вети дека ќе ги вклучи во владата доколку остане премиер.

Андерсон веќе започна разговори со Левата партија, Партијата на центарот и Зелените за формирање нова влада. Преговорите би можеле да бидат сложени поради разликите меѓу партиите, особено околу даночната политика.

Шведските изборни власти најавија дека резултатите ќе бидат официјално потврдени во наредните денови. Шведска има традиција на коалициски и малцински влади, а формирањето нов кабинет по изборите во 2022 година траеше 37 дена, додека во 2018 година беа потребни дури 134 дена.

Најнови вести