Третата конференција на задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски од Солинген: Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски во Солинген, СР Германија, заедно со членовите на Извршниот комитет Александар Николоски, Тимчо Муцунски и Стефан Андоновски, присуствуваа на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во поздравното обраќање пред делегатите на Конференцијата нагласи дека македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината, при што ги запозна со состојбите во Македонија, економските параметри кои покажуваат раст, со инфраструктурните проекти, како и за зафатите кон справување со условите предизвикани од светските предизвици во енергетиката.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на меѓународната позиција, претседателот Мицкоски истакна дека Македонија стана држава за почит, држава којашто својот став го брани со аргументи и со јасни пораки и стратегија. Исто така додаде дека положбата во којашто се наоѓа државата е таква заради грешките од минатото, тешки како планини.

ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај народот, со предност поголема од сите други политички актери заедно.

На конференцијата од страна на присутните се отворија повеќе прашања во насока на подобра и засилена комуникација на македонската дијаспора со татковината, како и за можностите за инвестирање и за враќање во Македонија.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести