„Генерација Z” излегува на големи протести во околу 30 германски градови. Младите бараат поголеми инвестиции во училиштата и психолошка поддршка, подостапен живот и домување, поправедна распределба на трошоците меѓу генерациите, а исто така, се противат на повторното воведување на задолжителниот воен рок.
Организаторите тврдат дека собирите ќе бидат мирни, но сепак како мррка на претпазливост германските трговци презедоа мерки за заштита на дуќаните од страв дека сликата од Франција, Италија, Албанија би можеле да се повтори и кај нив.
На улиците во Германија се распоредени дополнителни полициски сили, а чуварите на редот истакнаа дека нема да тилерираат никакво насилство.