Притвор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски- имал и други кривични дела

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело — Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на Македонија.

-Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал — насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителство и додаваат:

„Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува“.

Најнови вести